Ремисија (медицина)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ремисија (латински: Remissio од remittere „попушти“, „испрати назад“) во медицината значи привремено или трајно олеснување на симптомите на болест од физичка или психолошка природа, како што се треска или болка, но без да се постигне оздравување. Терминот се користи и кај хронични болести како што се епилепсија, [1] ревматизам [2] или за поволен исход на лекување на рак.

Критериумите за проценка на степенот на ремисија се зависни од болеста и варијабилни. Сè уште се работи на стандардизација во многу области.

Примена на терминот[уреди | уреди извор]

  • Во клиничката област, степенот на ремисија кај хроничните болести генерално се користи како параметар за успехот на лекувањето.
  • Во онкологијата се зборува за ремисија односно намалување на туморот.
  • Во научните студии, поимот ги претставува таканаречените крајни точки (англиски: endpoint) (објективирачки резултати од третманот, се одредуваат во зависност од студијата).

Класификација[уреди | уреди извор]

  • Спонтана ремисија е термин кој се користи за опишување на заздравување кое вообичаено не се очекува и кое се одвива без медицинска интервенција. Ова може да доведе до повторување (рецидив).
  • Целосна ремисија е статус во кој (на пимер по успешна терапија) нема клинички, радиолошки или други знаци на болеста за одреден временски период (на пример 6 месеци).

Онкологија[уреди | уреди извор]

Типични крајни точки (англиски: endpoint) во онколошките студии се:

  • целосна ремисија
  • делумна ремисија (дефиниција на пример: „волуменот на туморот е намален за повеќе од 50 %“)
  • минимална ремисија („волумен на туморот намален за околу 25-50 %“)
  • стабилна болест („помалку од 25% промена во волуменот")
  • прогресија („раст на туморот за најмалку 25 %")
  • смрт на пациентот

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Remission of seizures and relapse in patients with epilepsy. Annegers JF, Hauser WA, Elveback LR. Epilepsia. 1979 Dec;20(6):729-37.
  2. Vortrag von H.E. Langer