Резус-фактор

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Резус фактор)
Прејди на: содржини, барај

Резус-факторот (или Rh-фактор) e антиген (белковина) кој се наоѓа на површината на еритроцитите. Заедно со А и B антигените, тој ја сочинува главната шема која се користи во класификацијата на крвта според нејзината нескладност за трансфузија.

Поимот „Rh-фактор“ е кратенка за резус-фактор. По сè изгледа дека го споделуваме овој антиген со нашите роднини-приматимакакија-резус, каде најпрво е откриен.

Овој антиген може, а и не мора да биде присутен. Ова е како резултат на присуството или отсуството на еден ген. Присуството на антигенот се испитува со додавање на вештачки добиени антитела во мешавина од еритроцитите на пациентот. Доколку се образуваат грутки, тогаш се присутни антитела на еритроцитите. Оваа крв се нарекува Rh позитивна. Доколку не е присутен антиген (клетките не се згрутчуваат), овој крвен тип го означуваме како Rh негативен.

Луѓето со различни крвни типови имаат белковини (епитопи) специфични за нивниот крвен тип на површината на црвените крвни клетки, односно еритроцити. Постојат четири крвни типови - A, B, AB и O.

Генотипови кои носат резус антигени
Генотип Резустип Rh(D) тест
ccddee rr Rh негативн
CcDdee R1r Rh позитивен
CCDDee R1R1 Rh позитивен
ccDdEe R2r Rh позитивен
CcDDEe R1R2 Rh позитивен
ccDDEE R2R2 Rh позитивен

Секој од четирите крвни типови додатно се класифицира според присуството на друг белковина на површината на еритроцитите кој укажува на Rh-факторот. Повеќето луѓе (околу 85%) се Rh позитивни. Меѓутоа, доколку жена која е Rh негативна и маж кој е Rh позитивен добијат бебе, постои опасност тоа бебе да има здравствени проблеми. Бебето кое расте во Rh негативната мајка може да има Rh позитивна крв наследена од таткото. Приближно половина од децата родени од Rh негативна мајка и Rh позитивен татко ќе бидат Rh позитивни.

Нескладноста во Rh обично не претставува проблем доколку мајката е за прв пат бремена, бидејќи, освен ако постои некое нарушување, крвта на фетусот во нормални услови не влегува во мајчиниот крвоток во текот на бременоста.

Но, за време на породувањето, крвта на мајката и бебето можат да се измешаат. Доколку ова се случи, телото на мајката го препознава Rh-белковината како туѓа супстанца и може да започне да произведува антитела против Rh-белковините вметнати во нејзината крв.

Други патишта на кои бремената жена може да биде изложена на Rh-белковината и кои можат да предизвикаат производство на антитела се крвните трансфузии со Rh позитивна крв, недоносеност и ектопична бременост.

Rh антителата се безопасни сè до втората или натамошна бременост на жената. Доколку таа некогаш носи друго Rh позитивно дете, нејзините Rh антитела ќе ги препознаат Rh-белковините на површината на бебешките крвни клетки како туѓи и ќе преминат во крвотокот на бебето, напаѓајќи ги тие клетки. Ова може да доведе до појава на отоци и кршење на еритроцитите на бебето. Хематокритот притоа може многу да се намали, состојба позната како хемолитичка болест на новороденчето (Rh заболување или erythroblastosis fetalis).