Револуционерен пат (филм)
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| „Револуционерен пат (Revolutionary Road)“ |
|
Официјален постер |
|
| Режирано од | Сем Мендес |
|---|---|
| Продуцент | Боби Коен Сем Мендес Скот Рудин |
| Сценарист | Џастин Хејт Базиран спрема романот на Ричард Џејтс |
| Настапуваат | Кејт Винслет Леонардо ДиКаприо Кети Бејтс Кетрин Хан |
| Музика | Томас Њуман |
| Дистрибутер | Paramount Vantage |
| Премиера | 26 декември 2008 |
| Времетраење | 119 мин. |
| Држава | |
| Јазик | англиски |
Револуционерен пат англиски: Revolutionary Road е американски драма– филм на Сем Мендес од 2008 год. Филмот е адаптација на истоимениот роман на Ричард Џејтс, излезен во 1961 год. и веднаш после објавувањето станува голем литературен хит. Со текот на времето станал еден од највлијателните романи на минатиот век, а сега имаме прилика да го видеме и на големото платно. Главниот збор во цел овој проект го има оскаровецот Сем Мендес, познат по филмскиот хит Американска убавина.
Содржина |
Синопсис [уреди]
Ејприл и Френк Вилер се млада, брачна двојка која со своите деца живее во периферијата на Конектикет, во средината на 50тите години. Нивната самоувереност и лажно задоволство од личниот живот е само обична маска зад која се кријат многу поголеми фрустрации, поради неможноста да се чувствуваат исполнето од врската и кариерата. Френк е заглавен и незадоволен од својата канцелариска работа, а Ејрпил е домаќинка, која се уште не може да ја прежали пропаднатата актерска кариера. Решени да сменат нешто во своите животи и да им докажат на сите дека се поинакви, посупериорни од тие што живеат во нивна близина, планираат преселба во Франција, за каде што се надеваат дека ќе ги исполнат своите соништа. Но, не се свесни дека сепак многу ризикуваат...
Критики [уреди]
Брилијантно одглумен и емотивно многу силен. Овој филм е привлечна адаптација на популарниот роман на Ричард Џејтс. Така гласи консензус критиката на интернет страницата Ротен Томатоес, но мораме сите да признаеме дека очекувавме многи повеќе од оцена од 68%. За тоа, излега, главен виновник е Сем Мендес бидејќи вака пишуваа медиумите – ‘Филмот е едноставно предолг, пренапорен и премногу мелодраматичен.’ (Arizona Republic), ‘Сјајна глума, но досадна режија.’ (Boston Globe). Но негативните критики сепак се во помал број, а кога станува збор за позитивните, повеќето од нив тврдат дека се работи за ремек-дело.
Актерска екипа [уреди]
| Глумци | Ликови |
|---|---|
| Кејт Винслет | Ејприл Вилер |
| Леонардо ДиКаприо | Франк Вилер |
| Кети Бејтс | Хелен Гинингс |
| Кетрин Хан | Мили Кембел |
| Дејвид Харбор | Шеп Кембел |
| Мајкл Шенон | Џон Гивингс |
Награди и номинации [уреди]
66то изданиеЗлатен Глобус [уреди]
Најдобар драма филм - номиниран
Најдобра главна актерка во драма (Кејт Винслет)– победник
Најдобар главен актер во драма (Леонардо ДиКаприо) – номиниран
Најдобар режисер во драма (Сем Мендес) - номиниран