Разговор со корисник:L.Smilkov

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Добре дојде!

Здраво, L.Smilkov, и добре дојде на Википедија! Благодарам за Вашите придонеси. Се надевам дека Ви се допадна проектов и дека одлучивте да останете. Еве неколку страници кои можеби ќе Ви се најдат како корисни:

Се надевам дека ќе уживате во уредувањето овде и во тоа што сте Википедијанец! Ве молам потпишувајте ги Вашите пораки на разговорните страници со внесување на четири тилди (~~~~); ова автоматски ќе го внесе Вашето корисничко име и датумот. Ако Ви треба помош, видете ја страницата Википедија:Прашања, прашајте ме мене на мојата страница за разговор, или поставете го прашањето на оваа страница, а потоа ставете {{помош}} пред прашањето. Уште еднаш, добре дојде!--Ehrlich91 (разговор) 20:26, 23 ноември 2023 (CET)[одговори]

Свети Никола во Восанци[уреди извор]

Здраво, статијата за црквата „Св. Никола“ во месноста Восанци ја средив, сликата ја категоризирав на Ризницата, и името на статијата го променив според нашите именувања на црквите на Википедија.

Јас сум еден од организаторите на проектот Викиекспедиции и морам да признаам оваа црква ја имаме пропуштено, иако бевме во посета на овој регион пред две години.

Фала за фотографијата и за статијата --Ehrlich91 (разговор) 20:28, 23 ноември 2023 (CET)[одговори]

Здраво Ehrlich91,
Ви благодарам многу за корекциите, јас сум нов на Википедија, ја создадов оваа страница за почеток, немам многу познавање така да ќе треба уште да учам.
Инаку ние сме ктитори на манастирот Свети Никола.
Би сакал само мала корекција, манастирот не се наоѓа конкретно во селото Јаргулица, туку во месноста Восанци, која што всушност припаѓа во атерот на селото Јаргулица, но се наоѓа на оддалеченост на околу 6 километри од селото Јаргулица.
Така да наместо “Св. Никола”-Јаргулица” би било добро ако може насловот да биде “Св. Никола” - Восанци” или евентуално во загради Јаргулица, така што би било по прецизно.
Поздрав и секое добро!
Л.Смилков L.Smilkov (разговор) 21:16, 23 ноември 2023 (CET)[одговори]
@L.Smilkov Нема никаков проблем, ние во рамки на проектот Википедија:Викиекспедиции што го споменав имаме посетено над 1000 цркви и манастири низ државава.
Го сфаќам моментот со Восанци, но нашето правило е само вистински признаените историски села (нешто што Восанци не се води како такво, туку само како средновековна населба) да имаат свои категории и црквите да бидат така означувани. Сепак, постои Црква „Св. Никола“ - Восанци како пренасочувачка страница, а може да измениме и во самиот вовед, за да биде уште појасно. --Ehrlich91 (разговор) 22:03, 23 ноември 2023 (CET)[одговори]