Разговор со корисник:Irakoska

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Добре дојде!

Здраво, Irakoska, и добре дојде на Википедија! Благодарам за Вашите придонеси. Се надевам дека Ви се допадна проектов и дека одлучивте да останете. Еве неколку страници кои можеби ќе Ви се најдат како корисни:

Се надевам дека ќе уживате во уредувањето овде и во тоа што сте Википедијанец! Ве молам потпишувајте ги Вашите пораки на разговорните страници со внесување на четири тилди (~~~~); ова автоматски ќе го внесе Вашето корисничко име и датумот. Ако Ви треба помош, видете ја страницата Википедија:Прашања, прашајте ме мене на мојата страница за разговор, или поставете го прашањето на оваа страница, а потоа ставете {{помош}} пред прашањето. Уште еднаш, добре дојде!

Здраво[уреди извор]

Добредојде на македонската Википедија. Морам да ти напоменам да пишуваш ИСКЛУЧИВО на кирилица. Не смее да постои статија со текст на латиница, освен ако не се странски поими. Ако сакаш, претвори го текстот што го напиша на статијата за Адолф Хитлер во кириличен, па ќе се потрудам да го средам. Ако се чудиш каде отиде тој текст, само стисни на „Историја“ на статијата, и отвори го твоето уредување, таму е зачуван твојот текст. Поздрав. Поречанец A? 19:46, 13 ноември 2007 (UTC)

Што е/не е википедија?[уреди извор]

Пред да почнете со уредување на постоечки статии или да креирате нови, потребно е да имате основни познавања од тоа што е и што не е Википедија. Погледнете Википедија:Што не е Википедија. Вашите уредувања ќе бидат избришани, а доколку продолжите со уредување н аист начин ќе бидете блокирани.--brest 17:14, 14 ноември 2007 (UTC)

Одговор на е-маил[уреди извор]

Видов дека си ми пратила порака на имејл, ама нажалост, дури сега ја видов, а што е уште пожално, ја избришав од еден прозорец, додека ја читав во друг, и сега не можам да ти одговорам. Извини. Сепак, можеш и тука да ме прашаш тоа што ти требаше, ама ќе треба да повториш :) Се сеќавам само нешто за некои есеи. Можам веднаш да ти кажам дека статиите на Википедија не смеат да бидат во вид на есеи, никако. Но можеш да вадиш информации од нив и да ги претвориш во енциклопедиски вид и да ги додадеш на некоја статија. И многу е важно да пишуваш ИСКЛУЧИВО на кирилица (пак да повторам:D). Македонските фонтови што ги користиш во ворд не се исто со оваа јазична поддршка што ја користам сега. Ако ти треба помош за инсталирање на македонска јазична поддршка во Виндоус/Линукс, и тоа можам да ти помогнам :) Поздрав. -- Поречанец A? 10:30, 28 ноември 2007 (UTC)