Разговор со корисник:Blagojcedisoski/Архива 2

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Авторски права, заштитени текстови и Википедија[уреди извор]

Blagojcedisoski, Ве известувам дека повеќето статии кои ги имате копирано од други мрежни места (претежно, од zazdravje.com.mk) се избришани. За жал, на дното од овие сајтови може да се прочита: „Copyright © 2010-2013 За Здравје. Сите права се задржани.“. Ова значи дека тие не можат да се искористат на Википедија. Прво, грешно е да се копираат затоа што се кршат авторските права, а второ, неправилно е затоа што содржината на Википедија сакаме да биде слободна за пристапување, менување и споделување (и затоа таа е лиценцирана под слободна лиценца). Повеќе за ова можете да прочитате на страниците ВП:АП и ВП:УСЛОВИ.

Ве молам, во иднина не пишувајте статии кои се копија од текстови на Интернет, или воопшто, копија на било кое дело (пример, книга) кое е заштитетно со авторски права. Ви благодарам за разбирањето и ми е жал што ова предупредување не сте го добиле порано.

Со тоа, топло Ве охрабрувам да продолжите со збогатувањето на оваа Википедија. За помош — стојам на располагање. --Brainmachine (разговор) 16:20, 13 февруари 2014 (CET)[одговори]

Побаравме дозвола од авторите на страната за здравје и останатите страни кој што ги користиме и добивме позитивн одговор, ни дозволија, истот го направивме и со книги на младинска куќа :) Поздрав Blagojcedisoski (разговор) 00:06, 8 август 2014 (CEST)[одговори]