Разговор:Правопис на географски и топографски поими во македонскиот јазик

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија
Оваа статија е дел од ВикиПроект Македонија, чии цели се создавање стандардизиран, информативен и лесен за користење извор за Македонија. Ако сакате да земете учествувате во овој проект, ве молиме посетете ја страната на проектот, каде можете да се приклучите на проектната екипа.

Прашање[уреди извор]

Дали сите географски и топографски поими ке бидат овде, или се се избират само некои? --Стан (разговор) 18:39, 25 март 2009 (UTC)

Пишани се според правописот на македонскиот јазик. Не се сите, не возможно сите да бидат. Исто така голем број на придавки се формираат на еден ист начин, па се дава само по еден или два примери од соодветниот начин на формирање. Статијата не е целосна.--MacedonianBoy 18:42, 25 март 2009 (UTC)
Jасно, а дали не е подобро, тие да се групират точно по "соодветниот начин на формирање", а не по прва буква. По овоj начин, зборовите да бидат само за пример? Може тоа да е краjната идеjа на статиjата, бидеjки не е целосна во моментот. Ова е само идеjа.--Стан (разговор) 18:54, 25 март 2009 (UTC)
Па во правопис не се така распоредени, но може таа секција да се вметне во почетокот, да се наведе некој принцип на формирање, но во секој случај по буква ќе стојат.--MacedonianBoy 18:59, 25 март 2009 (UTC)

А да ставиме внатрешни врски до сите овие топоними? Мислам дека ќе биде убаво --Виолетова (разговор) 20:33, 25 април 2009 (UTC)

brest-bot проверка на правопис[уреди извор]

  • Наводи наместо Референци, англизам.

Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 22:22, 2 јуни 2010 (CEST), управуван од Brest.[одговори]

Усогласување на насловите според последното издание на Правописот на македонскиот јазик[уреди извор]

Во разни изданија на ПМЈ одредени топоними различно се дадени. По редот на нештата последното издание треба да е важечкото, па следствено усогласувањето треба да се изврши според ПМЈ од 2017. P.Nedelkovski (разговор) 21:12, 6 март 2023 (CET)[одговори]