Пројче Најдоски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пројче Најдоски-Сокле
Роден 1919 година
Гостиражни, Македонија, како дел од Кралството СХС
Починал 19 декември, 1942 година
Прилепец, Македонија, како дел од Царството Бугарија

Пројче Вељанов Најдоски-Сокле ( 1919, Гостиражни19 декември 1942, Прилепец) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Наместо да стапи на отслужување на воениот рок во Бугарија, се приклучил кон Прилепскиот партизански одред „Димитар Влахов“. По разбивањето на одредот за време на офанзивата на бугарската војска и полиција, Пројче најмногу му помогнал на ранетиот Владо Лапецот-Корда да заздрави, за да можат неговите соборци да го префрлат во Прилеп.

Со другите прилепски партизани заминал кај манастирот до селото Прилепец, а на 19 декември 1942 година загинал во борбата со бугарската војска и полиција.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „ПРОЈЧЕ НАЈДОСКИ-СОКЛЕ“. Олд Прилеп. 3 јануари 2013. Посетено на 22 јуни 2021.