Прилепско благотворително друштво „Пере Тошев“

Од Википедија — слободната енциклопедија
Покана за добротворна вечер на Прилепското благотворително дружество

Прилепското благотворително друштво „Пере Тошев“ била организација на македонската емиграција во Бугарија. Друштвото било формирано од бегалци и печалбари од Прилеп и прилепско, со цел собирање на средства за помагање на македонското револуционерно - ослободително движење. Како и другите македонски здруженија, било во состав на Македонско-бугарско благотворително дружество во Софија формирано во 1881 година од прилепчаните Д-р Константин Поменов, Димитар Македонски, Д. Оклев и Георги Разлогов [1].

Друштвото имало и просветно културен карактер, со тоа што активно учествувало во помагање на сиромашни ученици од Македонија и во печатење на македонски весници и литература. За време на Балканските војни, голем број на членови од македонските друштва во Бугарија пристапиле кон Македонско-одринските доброволни чети, кое броело 14 670 борци во состав на бугарската армија, надевајќи се за конечна слобода на Македонија, но борејќи се главно на Тракискиот фронт. Прилепчаните биле организирани во состав на Десетатта Прилепска дружина, со командир Стојан Везенков од Крушево, во чиј состав имало и македонски доброволци од Америка. Истата приказна се повторила и во Првата светска војна, кога македонските доброволци влегле во состав на Единаесетта пешадиска македонска дивизија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „ПРИЛЕПСКО ДРУШТВО „ПЕРЕ ТОШЕВ" ОД СОФИЈА“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2013-10-05.