Праморички мост

Координати: 40°14′2.5″N 21°21′57.5″E / 40.234028° СГШ; 21.365972° ИГД / 40.234028; 21.365972
Од Википедија — слободната енциклопедија
Праморички мост
Γέφυρα Πραμόριτσας
Координати40°14′2.5″N 21°21′57.5″E / 40.234028° СГШ; 21.365972° ИГД / 40.234028; 21.365972
ПреминуваПраморица
МестоЦакнохор, Населичко, Егејска Македонија
Зашт. статусспоменик на културата
Особености
Видлачен
Материјалкамен
Вкуп. должина49 м
Висина9 м
Распони4
Местоположба
Карта

Праморички мост (грчки: Γέφυρα Πραμόριτσας) — стар камен мост во Населичко, Егејска Македонија.[1][2]

Описание[уреди | уреди извор]

Мостот ја преминува реката Праморица, десна притока на Бистрица. Се наоѓа меѓу населичките села Цакнохор и Сокол, водејќи кон гребенското село Дурвуништа и лежи на самата граница меѓу општините Горуша и Гребен. Дел е од патот Гребен - Цотил, кој служел за како минувалиште за овчарите од Населица кои оделе на зимски пасишта во Тесалија. Мостот има насоченост север - југ и има четири отвори, од кои главниот е широк 15 м и висок 9 м. Целиот мост е долг 49 м, што го прави најдолгиот камен мост во Егејска Македонија. Според усното предание, изграден е некаде од 1870 до 1880 г. со средства на овчар кој си ја загубил ќерката во речните брзаци.[3] Други извори велат дека е изграден пред 1770 - 1780 г.[1]

Во 1995 г. мостот е прогласен за споменик на културата.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Γεφύρι Της Πραμόρτσας“. www.petrinagefiria.com. Посетено на 8 ноември 2019.
  2. „Σημεία Αναφοράς“. Κληματάκι. Посетено на 15 декември 2021.
  3. „Γεφύρι Πραμόριτσας“. Περιφερειακή Ενότητα Γρεβενών. Архивирано од изворникот на 2015-01-20. Посетено на 20 јануари 2015.
  4. „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ36/29028/694/30-6-1995 - ΦΕΚ 632/Β/18-7-1995“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2015-01-20. Посетено на 20 јануари 2015.