Портал:Филм/Дали знаете

Од Википедија — слободната енциклопедија
  • Филмот 300 е сниман за 60 дена. Зборот „Спарта“ и неговите варијанти (најчесто Спартанци) се употребени 72 пати. Тоа значи дека зборот Спарта е користен околу 0,62 пати во минута. Вкупно загинати во филмот - 585.
  • Бред Пит си го скршил забот за време на снимањето на Клуб на борци, но не го поправил додека не завршило снимањето на филмот, бидејќи мислел дека така подобро го глуми ликот.
  • Во тренинг-програмата во „Матрица“ пред Киану Ривс да ги започне своите жестоки напади врз Морфеус, тој го трие неговиот нос со палецот и прстот, слично како Брус Ли пред тој да ги нападне своите противници. Потегот бил импровизиран од Ривс.