Портал:Телевизија/Телевизиски серијал

Од Википедија — слободната енциклопедија

ТВ серијата „Пријатели“ (англиски Friends) е наградувана американска комедија за група од шест пријатели кои живеат во Њујорк. Премиерно е прикажана од 1994 до 2004. Создадена е од Дејвид Крејн и Марта Кауфман, а продуцирана од Кевин С. Брајт, Марта Кауфман и Дејвид Крејн. Оваа серија е една од најпопуларните серии на сите времиња, и е прикажана во повеќе од 100 земји. Последната епизода е една од најгледаните епизоди во САД.

Во Македонија, серијата првобитно беше емитувана на неколку телевизии, но првпат во целост беше прикажана на А1 телевизија. Моментално, повторно се емитува на А2 телевизија. Прочитајте повеќе