Портал:Спорт/Избрана статија/2009/април

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Tennis court metric.svg

Тенисот е спорт кој се игра меѓу два играчи (сингл), или помеѓу два тима од два играчи (дубл). Целта во тенисот е да се префрли гуменото топче преку мрежата со помош на рекетот, од својата половина на половината на противникот. На некои места тенисот се нарекува уште и тревен тенис со цел да се разликува од вистинскиот тенис, кој е сличен на денешниот тенис и бил игран во викторијанска Англија. Тенисот стана олимписки спорт во 1988.

Игрите со топка датираат од антички времиња и првите знаци на вакви спортови можат да се проследат до цртежи во Египетските храмови кои датираат од 1500 г.п.н.е. Античките Египјани всушност играле игри со топка како дел од нивните религиозни обреди. Овие традиции и целиот концепт на игри со топка бил проширен во Европа во осмиот век од страна на Мурите, чија империја се простирала до јужна Франција. Прочитајте повеќе

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник