Вистински тенис

Од Википедија — слободната енциклопедија

Вистинскиот тенис, кралски тенис или теренски тенис[1] има различни правила од денешниот тенис. Тој се играл во викторијанска Англија, а се игра и денес од страна на некои тениски ентузијасти.Вистинскиот тенис бил всушност многу различен од денешниот тенис. Се играл во затворен простор, во големи ходници со испакнати покриви. Бодовите се освојувале во зависност како била изиграна топката од ѕидот на ходникот. Ова е многу различно од денешниот т.н. тревен тенис каде што теренот е правоаголен и покриен со трева, и е ограничен со означени краеви, а не пак со ѕидови. Вистинскиот тенис имал многу поинакви правила од денешниот.

Куќа за вистински тенис во Кобург, Германија

Играта како што ја знаеме денес ја добила својата форма во Франција. За време на XVI, XVII, и XVIII век таа станала спортот на благородниците и кралското семејство, и била наречена “играта на палмата”. Во раниот период француските играчи го започнувале мечот извикувајќи “тенез” што значи “играј”. Играта наскоро станала позната како вистински тенис. По нејзиното првично популаризирање кај француското благородништво тенисот се проширил низ Европа станувајќи најпопуларен во Англија. Исто како во Франција така и во Англија тенисот станал познат како вистински спорт. Хенри VIII бил многу страствен играч и изградил терен на неговиот вистински двор во Хемптон, кој сè уште се користи од страна на ентузијасти на вистинскиот тенис. Но тенисот не бил ограничен само на Англија и Франција, туку се проширил и во Шпанија, Италија, Холандија, Швајцарија и Германија. Во XVII век, интересот за играта опаднал, а со Француската револуција и Наполеоновите војни речиси исчезнал во цела Европа.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Schickel, Richard (1975). The World of Tennis. New York: Random House. стр. 32. ISBN 0-394-49940-9.