Портал:Семрежје/Вовед

Од Википедија — слободната енциклопедија

Семрежје или интернет (од англиски: Internet = „меѓумрежа“) — јавно достапен систем на меѓусебно поврзани сметачки мрежи од целиот свет, кои пренесуваат податоци во форма на пакети со користење на стандардното множество протоколи означено како TCP/IP. Семрежјето се состои од голем број мали и големи, домашни, деловни владини и невладини мрежи, кои што заедно пренесуваат различни информации и услуги, како електронска пошта, директен разговор, како и меѓусебно поврзани мрежни места и други документи од Пајажината (Светска Пајажина - World Wide Web / WWW ). Прочитајте повеќе