Портал:Мечувалство/Избрана биографија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Алдо Нади (итал. Aldo Nadi; 29 април 1899 - 10 ноември, 1965) — италијански мечувалец кој важи за најголемиот на сите времиња. Се родил во мечувалско семејство во Ливорно, Италија. Алдо и брат му, Недо Нади се занимавале со мечувалство уште од многу мали нозе. Го изучувале спортот во стилот на класичната италијанска школа кај татка си, мечувалецот Бепе Нади, и обајцата веќе во тинејџерските години освојувале натпревари. Иеко Недо освоил повеќе златни медали (Недо освоил 6, а Алдо освоил 3), Алдо се сметал за подобар. Меѓу неговите противници бил и прочуениот француски мечувалец Лисјен Годен. Во 1920 г,, на возраст од 21 година, на олимпијадата Надо освоил златни медали во флорет—екипно, меч—екипно и сабја—екипно. Освоил и сребрен медал во сабја—поединечно. Тогаш златниот медал го земал брат му Недо Нади. Нади починал во сон во неговиот дом во Лос Анџелес на 10 ноември 1965 г.