Портал:Мечувалство

Од Википедија — слободната енциклопедија
уреди   

Портал „Мечувалство“

Во денешницата, мечувалство или едноставно мечување се однесува на европските школи на борба со меч како и на натпреварувачките облици на мечување, меѓу кои и олимписко мечување кое произлегува од тие школи. Постојат неколку различни стилови на мечувалство, а секој од нив има различни дисциплини и правила.

(повеќе...)

уреди   

Избрана статија

Мечување — Пекинг 2008
Мечување — Пекинг 2008

Натпреварите во мечување на Летните олимписки игри 2008 се одржуваат во периодот од 9 август до 17 август во Националниот собирен центар во Пекинг. Натпреварите се состојат од турнир со единечна елиминација. Тие се одржуваат во следниве дисциплини:

Двајцата поразени во полуфиналето ќе се мечуваат за бронзениот медал. Земјата-домаќин има право да влезе со 8 мечувалци, и да ги распореди индивидуално и по екипи како што сака: така, може да постави екипи, или да нема екипи и да постави само поединечни мечувалци. Неискористените места на земјата-домаќин ќе бидат пополнети по одлука на Тројната комисија (МОК, НОК, ФИЕ). (Повеќе...)

уреди   

Избрана биографија

Алдо Нади (итал. Aldo Nadi; 29 април 1899 - 10 ноември, 1965) — италијански мечувалец кој важи за најголемиот на сите времиња. Се родил во мечувалско семејство во Ливорно, Италија. Алдо и брат му, Недо Нади се занимавале со мечувалство уште од многу мали нозе. Го изучувале спортот во стилот на класичната италијанска школа кај татка си, мечувалецот Бепе Нади, и обајцата веќе во тинејџерските години освојувале натпревари. Иеко Недо освоил повеќе златни медали (Недо освоил 6, а Алдо освоил 3), Алдо се сметал за подобар. Меѓу неговите противници бил и прочуениот француски мечувалец Лисјен Годен. Во 1920 г,, на возраст од 21 година, на олимпијадата Надо освоил златни медали во флорет—екипно, меч—екипно и сабја—екипно. Освоил и сребрен медал во сабја—поединечно. Тогаш златниот медал го земал брат му Недо Нади. Нади починал во сон во неговиот дом во Лос Анџелес на 10 ноември 1965 г.

уреди   

Избрана слика


Мензура („одмерување“) во Хајделберг, Германија, 1900. Ова мечување со наострени мечеви се практикува и денес во некои германски универзитети.
уреди   

Олимпијада 2008 — Натпревари

уреди   

Дали сте знаеле...

...дека италијанецот Алдо Нади се смета за најлегендарниот и најголемиот мечувалец на сите времиња?
...дека од 1938 до денес во мечувањето се случиле само 10 смртни случаи — со ова мечувалството е еден од најбезбедните спортови во светот?
...дека Валентина Вецали е првиот мечувалец во историјата кој освоил три златни медали за поединечен флорет на три последователни олимпијади?

уреди   

Категории

уреди   

Сродни портали

Исчисти опслуж. кеш