Портал:Англија/Одбрана статија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Џошуа Рејнолдс, Автопортрет
Џошуа Рејнолдс, Автопортрет

Сер Џошуа Рејнолдс (англ. Sir Joshua Reynolds), (16 јули, 172323 февруари, 1792) бил најважниот и највлијателниот од англиските сликари во XVII век. Специјализирал во портретура и го ширел т.н. „Велик стил“ на сликарството кој го идеализирал несовршеното. Бил еден од основачите и прв претседател на Кралската Академија на Уметностите. Кралот Џорџ III ги ценел неговите дела и придонес и му доделил витештво во 1769.

Џошуа Рејнолдс е роден во Плимптон, Девон, на 16 јули 1723. Бил едно од единаесетте деца на селскиот училиштен управник, и неговото образование го стекнал кај татко му. Но и покрај ова, Рејнолдс се покажал како љубопитно момче и тогаш бил запознаен со Захариј Маџ, чија платонистичка философија останала во него цел живот.

Од мали нозе покажал интерес за уметноста, па во 1740 станал чирак кај популарниот портретист Томас Хадсон, кај кого останал да работи до 1743. Периодот од 1749 до 1752 год. го провел во Италија, каде ги изучувал Старите мајстори и го засакал т.н. „Велик стил“. за жал додека бил во Рим, Рејнолдс имал лоша настинка, од која останал делумно глув, и како резултат на неа морал да носи ушна труба, со кој е често прикажан. Од 1753, па до крајот на животот живеел во Лондон, и наскоро по преселувањето таму неговите способности се здобиле со широко признание.

Рејнолдс во своето студио работел долги часови, ретко одејќи на одмор. И покрај ова бил друштвен и мошне интелектуален, со голем број пријатели од Лондонската интелигенција, меѓу кои Др Семјуел Џонсон, Оливер Голдсмит, Едмунд Берк, Хентри Трејл, Дејвид Гарик и уметникот Анџелика Кауфман. Заради неговата популарност како протретист, Рејнолдс уживал постојана дружба со богатите и славните, и бил првиот кој ги состанал славните ликови во „Клубот“.