Портал:Аврил Лавињ/Избран албум/2

Од Википедија — слободната енциклопедија

Let Go е првиот албум од канадската пејачка текстописец, Аврил Лавињ, издаден на 4 јуни, 2002. Една година откако потпишала договор со Arista, Лавињ сакала да ја смени издавачката куќа, бидејќи се јавувале конфликти во музичката насока. Лавињ се преместила во Лос Анџелес, Калифорнија, и таму ги снимала своите порани материјали за албумот кои биле со поразличен звук отколку стилот на издавачката куќа. Во пишувањето на материјалот ѝ помогнал продукцискиот тим, The Matrix, кој ја разбрал нејзината визија за албумот.

Албумот е прогласен како најголемиот поп деби во 2002 година. Албумот добил позитивни критички мислења, иако текстот на Аврил Лавињ добил негативни коментари. Let Go добил 6x Платина во САД. Исто така поминал и многу добро во Канада, добивајќи дијамантска сертификација од Канадската Снимачка Индустриска Асоцијација, а исто така има достигнато и мулти-платина во многу други земји ширум светот, вклучувајќи го и Обединетото Кралство, каде што таа станала најмладата женска соло артистка која имала број еден албум во тој регион.

Од мај 2008, Let Go продал повеќе од 17 милиони копии ширум светот, со што станал најпродаваниот албум на Аврил Лавињ. Според Билборд Магазинот албумот е на #21 на најпродавани албуми. Според анкета на читачите на Rolling Stone, Let Go е најдобро продаван четврти албум од 2000-тите.

Прочитајте повеќе...