Полупрофесионално

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


„Полупрофесионално
(Semi-Pro)“
Semi-pro.jpg
Режирано од Кент Алтермен
Продуцент Џими Милер
Сценарист Скот Армстронг
Настапуваат Вил Фарел
Андре Бенхамин
Вуди Харелсон
Маура Тирни
Анди Рихтер
Дистрибутер New Line Cinema
Премиера 29 февруари 2008
Држава Flag of the United States.svg САД
Јазик англиски
Бруто заработка $31,014,004

Полупрофесионално (англиски: Semi-Pro) е комедија американски филм од 2008 год.. Филмот својата премиера ја дожива на 22 февруари 2008 год. Филмот во својата прва недела од прикажување заработи $15,075,114 и се најде на првото место во американскиот бокс офис.

Синопсис[уреди]

(Вил Фарел) го глуми Џеки Мун. Заработените пари од неговата хит-нумера "Love Me Sexy" Џеки ги вложува во купување на тим и со тоа исполнување на својот животен сон. Така, тој станува сопственик, тренер и главен играч во Флинт тропикс, кошаркарски клуб во Американската кошаркарска асоцијација (АБА). Флинт Личиген тропикс се најлошиот тим во лигата. Пред да се распадне АБА, Националната кошаркарска асоцијација (НБА) планира да ги избере најдобрите тимови од неа и да ги преземе на крајот од сезоната. Само четирите најдобри тима ќе имаат шанси да влезат во најголемата кошаркарска асоцијација. Ако сакаат да преживеат, Џеки мора да преземе нешто. Така, почнува наизглед неможната мисија – да се победи.

Глумци Ликови
Вил Фарел Џеки Мун
Андре Бенхамин Кларенс Малон
Вуди Харелсон Ед Моникс
Маура Тирни Лин
Анди Рихтер Боби Ди
Ендру Дели Дик Пеперфилд
Вил Арнет Лу Редвуд