Поливинилхлорид

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
PVC-polymerisation-2D.png

Поливинилхлорид (ПВЦ или PVC), е синтетичка смола, органски полимер направен со обработка на мономерите од винилхлоридот со преоксид. Тој може да биде помешан со повеќе гумени полимери или кополимеризиран со другите винили за да се добие производ според сопствените потреби. ПВЦ смолата помешана со пластификатори, стабилизатори и пигменти се користи за производство на еластични прозводи (на пр., мантили, играчки, пластични контејнери). Непластифицираната смола се употребува за груби прозводи (на пр., цевки за вода, навлаки за оловни цевки, фонографски плочи). Загриженоста од истекувањето на винилхлоридот во храната резултира со ограничувања за неговата употреба во контејнерите за храна, неговото распаѓање во хидрогенхлорид кога гори, исто така, предизвикува проблеми. Денес тој се произведува во поголеми количини во однос на другите пластични материјали, освен од полиетиленот.[1]


[уреди] Наводи

  1. Британика Енциклопедиски Речник. Топер, МПМ, 2005, Книга 7, стр. 147
Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици