Поларен круг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Поларниот круг во Финска (1975)
Поларниот круг на висорамнината Салтфјелет, Норвешка

Поларен круг може да се однесува на северниот (арктички) или јужниот (антарктички) круг што го опишува напоредник. На Земјата, северниот поларен круг се наоѓа на 66° 33′ 44″ СГШ, а јужниот на 66° 33′ 44″ ЈГШ.[1]

Подрачјето помеѓу еден поларниот круг и неговиот пол (северен или јужен) се нарекува студен појас. Ова подрачје во теорија би требало да има барем по едно деноноќие годишно каде сонцето е постојано над хоризонтот и едно деноноќие годишно каде сонцето е постојано под хоризонтот. Меѓутоа атмосферското прекршување по малку ја проширува областа на постојан ден, и за сметка на тоа по малку ја смалува областа на постојана ноќ.

Точната местоположба на поларните кругови се менува од година во година зависно од поместувањето на Земјината оска што се јавува поради појавите наречени нутација и прецесија. Горенаведените положби се вопросечени.

World map with polar circles.svg
Поларните кругови.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]