Плацебо ефект
Од Википедија
Плацебо ефект (латински: Placebo = јас ќе задоволам) е медицински феномен каде резултатите на медицинскиот третман се предизвикани од идеите на пациентот за тоа колку е ефективно лекувањето. Терминот особено се употребува кога пациентот драматично реагира на физиолошки неактивно лекување. Неактивните лекови кои се користат за индуцирање на плацебо ефектот се нарекуваат плацебо лекови; инертни „шеќерни“ пилули и лажни хируршки интервенции се типични примери.
Плацебо ефектот е убедлив феномен во медицината и плацебо лековите се широко користени во современата здравствена грижа.[1] Плацебо ефектот фрла светлина врз улогата на мозокот во физичкото здравје и дозволува споредба на лекови наспроти инертни еквиваленти во медицински истражувања. Лажната природа на плацебо лековите создава притисок меѓу Хипократовата заклетва и чесноста на односот меѓу пациентот и докторот.
[уреди] Референци
- ↑ Hróbjartsson A, Norup M. 2003 The use of placebo interventions in medical practice--a national questionnaire survey of Danish clinicians. Eval Health Prof. Jun;26(2):153-65.
[уреди] Надворешни врски
- Плацебо ефектот на the Skeptic’s Dictionary (англиски)
- Плацебо ефектот — видео објаснување на YouTube (англиски)
- Интервју за плацебо лекови со Ричард Докинс и Николас Хемфри (англиски)
- Плацебо: разоткривање на кодот од програмата на BBC/Discovery (англиски)