Плакир

Од Википедија — слободната енциклопедија

Плакир или Грижула - пасторала на хрватскиот писател Марин Држиќ. Делото е напишано во проза испреплетена со стихови кои веројатно се пееле.

Осврт кон делото[уреди | уреди извор]

Она што ја издвојува оваа пасторала од другите слични дела на Држиќ е тоа што се одликува со поголем квалитет и што, покрај фантастичните сцени, во неа се појавуваат и слики и ликови од реалниот живот. На пример, една од слугинките во драмата вели: „За мене нема полош спомен од лошиот живот... Околу мојата несреќна глава игра чизмата...“ Оваа пасторала е забележана во историјата на европската книжевност: за неа познатиот историчар Крајзенах рекол дека таа е претходник на Шекспировото дело „Сон на летната ноќ“.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Георги Сталев, „Марин Држиќ (1508-1567)“, во: Марин Држиќ, Шега со Станец. Скопје: Македонска книга, 1970, стр. 10.