Пиратите од Карибите: Мртвите не раскажуваат приказни

Од Википедија — слободната енциклопедија

Пиратите од Карибите: Мртвите не раскажуваат приказни (англиски: Pirates of the Caribbean: Dead Men Tell No Tales) — американски филм од 2017 година, во режија на Јоаким Ронинг и Еспен Сандберг. Главните улоги ги играат: Џони Деп, Џефри Раш, Хавиер Бардем, Брентон Твејтс, Каја Скоделарио, Кевин Мекнели, Орландо Блум, Кира Најтли, итн. Филмот претставува петти дел од серијалот „Пиратите од Карибите“.

Содржина[уреди | уреди извор]

Карина Смит (ја игра Скоделарио), одгледана во дом за сираци, наследила од својот татко тетратка со тајна карта, со помош на која се стигнува до островот каде се наоѓа трирожецот на Посејдон. Истовремено, младото момче Хенри Тарнер (го игра Твејтс), синот на Вил Тарнер, го ослободува капетанот Џек Спероу (го игра Деп) од затворот, со цел да ја тргне магијата што го разделува од татко му. Истовремено, еден призрачен брод, предводен од капетанот Салазар (го игра Бардем) го заробува бродот на капетанот Хектор Барбоса (го игра Раш), а за да си го спаси животот, Барбоса му ветува дека ќе го одведе до Џек Спероу. Капетанот Салазар упорно го бара Џек Спероу, кој во младоста му избегал, исмејувајќи го. Капетанот Салазар успева да го стигне Џек Спероу, но тој се спасува благодарејќи на тоа што морнарите-духови не смеат да стапнат на копно. Капетанот Барбоса ги заробува Џек Спероу, Хенри Тарнер и Карина Смит, а таа го носи неговиот брод до островот, но нив ги следи капетанот Салазар. На крајот од филмот, во борбата меѓу морнарите-духови, екипажот на Барбоса и екипажот на Џек Спероу, кога се чини дека сè е загубено, Барбоса свесно се жртвува себеси и го повлекува Салазар во длабочините, со цел да ја спаси Карина која е неговата ќерка. Хенри останува заедно со Карина, а истовремено, тој ги среќава своите родители, Вил Тарнер и Елизабет Свон (ја игра Најтли).[1]

Наводи[уреди | уреди извор]