Пејот

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Пејот
Кактус пејот во природно наоѓалиште.
Научна класификација
Царство: Растенија
Оддел: Скриеносемени
Класа: Дикотиледони
Ред: Каранфиловидни
Фамилија: Кактуси
Род: Качулконосни
Вид: Пејот
Биномен назив
Lophophora williamsii
(Lem.) J. Coult.

Пејот (лат. Lophophora williamsii) е мал кактус без стебло. Неговиот првичен регион на виреење се простирал од југоисточниот дел на САД (вклучувајќи ги Тексас и Ново Мексико) па се до централно Мексико. Со векови се користи поради психоделичните ефекти кои ги предизвикува при неговото внесување.

Од цветовите на кактусот понекогаш се развиваат розеви овошки, кои личат на феферонки со деликатен и сладок вкус. Растението има мали, црни семки на кои им требаат влажност и топлина за да изртат, што е и една од причините за тоа што се поретко може да се најде на своите природни наоѓалишта. Нивниот број се намалува и поради нивната комерцијална експлоатација. Пејотот содржи многу типови на фенетиламин алкалоиди, од кои најзастапен е мескалинот. Сите видови на Lophophora во природа растат многу полека, често им се потребни и до триесет години додека да почнат да цветаат (до тој момент без коренот имаат големина колку едно голф топче). Додека оние видови кои ги одгледуваат луѓето растат значително побрзо. Вообичаено им се потребни шест до десет години од никнувањето додека да ги дадат првите цветови. Поради mногу спориот раст на пејотот и прекумерното берење, се смета дека постои опасност од истребување на ова растение.

Ова растение е тема и на есејот „Врати на восприемањето“ (The doors of perception) од Олдос Хаксли, а според истиот тој есеј за ова растение е базирано името на рок групата The Doors.

Надворешни врски[уреди]