Пештера Снежанка

Од Википедија — слободната енциклопедија

Пештера Снежанка се наоѓа на Родопските Планини во Бугарија. Оддалечена пет километри од градот Пештера.

Назив[уреди | уреди извор]

Името го добила поради снежно белите пештерски форми во двораните. Целата дворана потсетува на бајка за Снежана и седумте џуџиња до најситните детали па уште се нарекува и „Волшебна дворана” .

Особености[уреди | уреди извор]

Таа е најмала пештера на територија на Бугарија. Долга е само 145 метри. Постојана годишна температура во пештерата е 9 степени.

Низ пештерата течат пет подземни езера.

Внатрешност[уреди | уреди извор]

Богата е со пештерски украси. Обилува со сталагмити, сталактитии драперии. Должина на најголемиот сталактит изнесува 1,27 метри.

Се состои од повеќе дворани: Дворана брада, Голема дворана, Концертен хол и Волшебна дворана.

  • Волшебна дворана името го добила поради сталактитите кои при секој допир произведуваат поинаков звук. Прекриена е со снежно бели кристали.
  • Дворана брада се наоѓа веднаш по поминување низ Волшебната дворана. Од таванот се спушта силно корење пд буки стари преку стотина години. Корењто ѕирка низ мермерните карпи на пештерата и подсетуваат на „темно костенлива брада”.

Во средиштето на пештерата се наоѓаат тркалезни огништа кои потекнуваат од рано железно време. Околу огништата се пронајдени предмети за домаќинство и животински коски.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Создадена е пред повеќе од три милиони години. Ја формирала Новомахленска река.

Пештерата ја откриле три спелеолога на 3 јануари 1961 година.

Постојат галерии кои сеште не се доволно истражени.

Туристичко значење[уреди | уреди извор]

Пристапот до пештерата е уреден, а самата пештера е добро осветлена.

Клаасифицирана е на список на 100 Национални туристички објекти.

Навоси[уреди | уреди извор]