Снежана (бајка)

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Снежана“ од Александар Цик

Снежана (германски: Schneewittchen) — бајка (приказна) од Браќата Грим.

Содржина[уреди | уреди извор]

Еден зимски ден, една кралица го боцнала прстот со иглата и три капки крв капнале на снегот. Тогаш, кралицата посакала да роди дете кое ќе биде бело како снегот и црвено како крвта. Поради тоа, на девојчето му дале име Снежана. Навистина, кралицата родила убаво женско бебе, но набргу таа починала. По една година, кралот се оженил за друга кралица, која била многу убава, но истовремено, таа била лоша и практикувала маѓепсништво. Новата кралица имала волшебно огледало, кое постојано го прашувала, кој е најубав на светот, а огледалото секогаш одговарало дека таа е најубавата. Еден ден, кога Снежана пораснала, кралицата, како по обичај, му го поставила на огледалото истото прашање, но овојпат, тоа одговорило дека Снежана е најубава на светот. Обземена од завист, кралицата го викнала ловецот и му наредила да ја одведе Снежана во шумата и таму да ја убие, а како доказ да ѝ го донесе нејзиното срце. Сепак, ловецот се смилувал и ја пуштил Снежана да побегне во шумата, а наместо неа, тој убил една дива свиња чие срце го однел како доказ за смртта на Снежана.

Снежана талкала низ шумата и дошла до една мала куќичка во која живееле седум џуџиња, кои во планината копале злато. Така, Снежана останала да живее со џуџињата и се грижела за домаќинството, а тие ја советувале, за време не нивното отсуство, таа да не прима непознати луѓе во куќата. За тоа време, лошата кралица повторно го прашала огледалото, кој е најубав на светот, но тоа одговорило дека Снежана, која живее во шумата со џуџињата, е стопати поубава од неа. Затоа, таа се преправила во стара жена и отишла во шумата кај Снежана на која ѝ продала свилен појас. Кога Снежана сакала да го проба појасот, кралицата ја стегнала многу цврсто, така што Снежана го изгубила здивот и паднала на подот. Џуџињата се вратиле дома, ја здогледале Снежана, го пресекле појасот и таа ја повратила свеста. По некое време, кралицата пак разбрала дека Снежана е жива, пак се преправила во стара жена и овојпат на Снежана ѝ продала отровен чешел, по што таа повторно се онесвестила. Сепак, и овојпат, џуџињата навреме се вратиле дома и го извлекле чешелот од косата на Снежана, така што таа ја повратила свеста.

Меѓутоа, кралицата по трет пат преправена како стара жена ја посетила Снежана, подарувајќи ѝ отровно јаболко од прозорецот на куќата. Кога Снежана го гризнала јаболкото, паднала на подот мртва. Овојпат, џуџињата биле немоќни да ја спасат, но восхитени од нејзината убавина, не сакале да ја закопаат во земјата, туку направиле стаклен ковчег што го оставиле на врвот од ридот. По некое време, еден принц поминал низ шумата и го видел ковчегот. Восхитен од убавината на Снежана, тој побарал од џуџињата да му ја дадат мртвата Снежана, ветувајќи дека добро ќе се грижи за неа. Додека неговите слуги го носеле ковчегот, тој се затресол и парчето од отровното јаболко, кое било заглавено во грлото на Снежана, испаднало по што таа оживеала. Потоа, принцот и Снежана се венчале, а на свадбата ја поканиле и лошата кралица на која ѝ обуле усвитени влечки со кои таа морала да танцува сè додека не паднала мртва.[1]

Изданија на македонски јазик[уреди | уреди извор]

Сказната „Снежана и седумте џуџиња“, самостојно или како дел од збирки со приказни, има доживена поголем број изданија на македонски јазик:

Анимирани и играни филмови[уреди | уреди извор]

Филм Македонски наслов Година Режисер
Snow White and The Seven Dwarfs Снежана и седумте џуџиња 1937 Дејвид Ханд,Вилфред Џексон,Бен Шарпстин,Вилијам Котрел,Лери Мореј
Schneewittchen und die 7 Zwerge Снежана и седумте џуџиња 1955 Ерик Коблер
Schneewittchen und die sieben Zwerge Снежана и седумте џуџиња 1962 Gottfried Kolditz
Pamuk Prenses ve 7 Cüceler 1970 Ertem Göreç
A Snow White Christmas 1980 Марк Ричардс
Snow White & the Seven Dwarfs Снежана и седумте џуџиња 1984 Питер Медак
Snow White Снежана 1987 Мајкл Берз
Happily Ever After 1989 John Howley
Snow White Снежана 1990 Дајан Ескенази
Snow White and the Magic Mirror Снежана и магичното огледало 1994 Тони Лав
Snow White Снежана 1995 Toshiyuki Hiruma, Takashi
Snow White: A Tale of Terror 1997 Michael Cohn
Snow White: The Fairest of Them All Снежана: Најволшебната од сите 1999 Керолин Томпсон
7 Dwarves – Men Alone in the Wood 2004 Sven Unterwaldt Jr.
7 Dwarves: The Forest Is Not Enough 2006 Sven Unterwaldt
Happily N'Ever After 2: Snow White—Another Bite @ the Apple 2009 Стивен Е.Гордон,Бојд Киркленд
Schneewittchen 2009 Thomas Freundner
Snow White and the Huntsman Снежана и ловецот 2012 Rupert Sanders
Mirror Mirror Огледалце,огледалце 2012 Tarsem Singh
Grimm's Snow White 2012 Рејчл Лее Голденберг
Der 7bte Zwerg Седумте џуџиња 2014 Boris Aljinovic, Harald Siepermann
The Huntsman: Winter's War Ловецот и ледената кралица 2016 Седрик Николас-Тројан
Snow White's New Adventure Новата авантура на Снежана 2016 Ben Zhao
Charming Маѓепсан 2018 Ross Venokur
Red Shoes and the Seven Dwarfs 2019 Сунг-хо Хонг
Snow White and the Fairytale Fun Force 2023 Кели Литл
Snow White and the Evil Queen Снежана и злобната кралица 2024
Snow White and The Seven Dwarfs Снежана и седумте џуџиња 2025 Марк Веб

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Браќата Грим, Снежана, Детска радост, Култура, Македонска книга, Мисла и Наша книга, Скопје, 1993.
  2. „Снежана“ во: Браќа Грим, Храбриот кројач, Детска радост, Скопје, 1980.