Петар Пан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Илустрација од Петар Пан свирејќи на кавал, од романот Петар и Венди издаден во 1911

Петар Пан (англиски: Peter Pan) е лик создаден од шкотскиот романописец и драматург Џ. М. Бери (1860–1937). Палаво момче кое може да лета и магично одбива да расте, Петар Пан го поминува своето бескрајно детство во авантури на малиот остров Недојдија како водач на неговата банда Изгубените момчиња, заедно со сирени, Индијанци, самовили и пирати, и одвреме-навреме сретнувајќи необични деца од надворешниот свет. Освен во две дела од Бари, ликот има доживеано низа адаптации во театарски претстави, на телевизија и во филмови. Во 2006 година, британската авторка Џералдин Макоркран објави официјално продолжение на оригиналната книга на Бери, насловено „Петар Пан во црвено“.

Иако македонскиот правопис налага имињата од странско потекло исклучиво да се транскрибираат на кириличното писмо, во овој случај наместо Питер Пен, името е преведено и познато како Петар Пан, поради преводите на делата поврзани со овој лик. Името е адаптирано на овој начин за да биде послично со мнозинството имиња во македонскиот јазик, исто како што е направено и со многу други имиња кои навлегле во македонската народна кулутра и народен говор.

Личност[уреди | уреди извор]

Статуа од Петар Пан во Киримуир

Петар, во главно, е пренагласен стереотип на наперчено и безгрижно момче. Тој е брз во укажувањето на тоа колку е одличен, дури и кога таквите тврдења се сомнителни (како кога си честита себеси за успешното прилепување на неговата сенка од страна на Венди).

Петар има лежерно, на-кому-му-е-грижа однесување, и е бестрашно самоуверен кога станува збор за запаѓање во невоља. Бари пишува дека кога Петар мислел дека ќе умре, се почувствувал уплашено, но сепак тој почувствувал само една морница како помнува низ него, додека која било друга личност би се уплашила до смрт. Со неговата блажна непредупреденост на трагедијата за смрт, тој вели, 'Кога би умрел тоа би било ужасно голема авантура'.

Во некои варијанти од приказната, Петар може да биде доста пакосен и себичен. Во Дизниевата адаптација од приказната, Петар е прикажан како многу критички расположен и надуен (на пример, ги нарекува Изгубените момчиња 'дебелоглавци' и кога Дарлинговите деца велат дека веднаш треба да си заминат дома, тој прима погрешна порака и луто претпоставува дека тие сакаат да пораснат).

Во играниот филм од 2003, Петар Пан е чувствителен кога станува збор за 'растење'. Кога е соочен од Кука дека Венди некогаш ќе порасне, ќе се омажи и на крајот дури и ќе му го 'затвори прозорецот' на Петар, тој станува многу депресивен и конечно ја губи волјата за борба.

Наводи[уреди | уреди извор]