Паркур

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Трасер изведува мачкина рамнотежа (équilibre de chat)

Паркур (француски: Parkour) или познат уште и како уметност на преместување (француски: l'art du déplacement)[1] е активност чијашто цел е движење од една точка до друга колку што е можно поефикасно и побрзо, користејќи ги воглавно способностите на човечкото тело.[2] Целта му е да му помогне на поединецот да надмине пречки, кои би можело да бидат било што кое се наоѓа во неговото околно опкружување, од гранки и камења до шини и бетонски ѕидови, и може да се вежба и во рурални и во урбани области. Оние кои вежбаат паркур се нарекуваат трасери, или трасерки за жени.[3]

Основан од Давид Беле и група другари во Франција, паркурот се фокусира на вежбање на ефикасни движења со цел да се развие телото и умот на оној кој го практикува со цел да надмине можни пречки во итен случај.

Видете исто така[уреди]

Wikibooks
Англиските Викикниги нудат повеќе материјал на тема:
  • Слободно искачување - стил на искачување без вештачки помагала.
  • Слободно трчање
  • Јамакаши - група основана од Јан Хнаутра, Давид Беле, Лоран Пиемонтеси и Чау Бел Дин 3 години пред паркур со нагласок на стилот, течноста и слободата. Исто така е филм од 2001 година.

Извори[уреди]

  1. Collectif Parkour France DB. „Avertissement mise en garde“ (на Француски). http://www.sportmediaconcept.com/parkour/index.php?subaction=mois&annee=2007&mois=1&PHPSESSID=8e074a802eb2bea7323b54bb4bdcfea8. конс. 27 февруари 2007. 
  2. Северин Суард. „Печат - "The Tree" - L'Art en mouvement“ (на Француски) (JPG). http://tracer2000.free.fr/us/indexus.html. конс. 2 јули 2007. 
  3. Webster's New Millennium Dictionary of English. „parkour“. Dictionary.com. http://dictionary.reference.com/search?q=parkour. конс. 7 август 2007.