Папарацо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Папараца на филмски фестивал.
Статуа на папарацо од вајарот Радко Мачуха во Братислава, Словачка

Папарацо[1] (италијански: Paparazzo) – збор од италијанско потекло кој означува агресивен фотограф кој настојува да сними познати личности во несекојдневни ситуации и тие снимки да им ги продаде на редакциите на таблоиди при што често се служи и со неконвенционални методи.

Потекло на зборот[уреди | уреди извор]

Во говорниот јазик зборот со наведеното значење се појавил по филмот на Федерико Фелини Сладок живот од 1960 година во кој се појавува лик на фотограф со име Папарацо кој го играл глумецот Валтер Сантесо. Инаку, овој збор во италијанскиот јазик означува досаден и гласен комарец.

Техника[уреди | уреди извор]

За да снимат поатрактивни фотографии на славните личности, папарацата често се служат со неконвенционални и радикални методи како што се заседи и следење на возилата на славните личности, со користење на скапа опрема (камери и телеобјективи). Најбарани се фотографии од венчавките на славните како и фотографии на нивните новородени деца.

Зборот добил уште понегативни конотации откога принцезата Дијана во 1997 година погинала во сообраќајна несреќа, а за несреќата првично биле обвинети папарацата кои го следеле автомобилот во кој се возела.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]