Очудувања 1-2

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Очудувања 1-2“ — збирка куси раскази од повеќе македонски автори, објавена во 2018 година од издавачката куќа „Бегемот“ во рамките на едицијата „Наше маало“.

Содржина[уреди | уреди извор]

Очудувања 1[уреди | уреди извор]

Првиот дел од збирката содржи 14 раскази:[1]

Очудувања 2[уреди | уреди извор]

Вториот дел од збирката содржи 17 раскази:[1]

За книгата[уреди | уреди извор]

Во збирката се вклучени расказите избрани на првиот конкурс на издавачката куќа „Бегемот“ со наслов „Очудувања“ чија цел е да им се даде поддршка на поголем број квалитетни македонски писатели кои ѝ се опираат на зачмаеноста, но и да се откријат нови автори. Иако во збирката преовладуваат кратките раскази, сепак во неа има и прозни изрази кои се наоѓаат на границата со соседните, па и со туѓи дискурзивни регистри. Некои од авторите застапени во збирката се веќе етаблирани имиња на македонската книжевна сцена, а другите се нови автори кои го привлекуваат вниманието со свежината и необичноста на својата творечка постапка.[2]

Технички одлики[уреди | уреди извор]

Збирката, со обем од 155 страници и димензии од 19 сантиметри, е испечатена во 2018 година, во печатницата „Графоден“ во Скопје. Таа е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“, Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-4718-84-0.[3] Графичкото уредување е дело на Наталија Лукомска, јазичната редакција ја извршил Андреј Јованчевски, а лектурата ја направила Ирена Ралева. Објавувањето на книгата било финансиски помогнато од Министерството за култура на Македонија.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Очудувања 1-2. Скопје: Бегемот, 2018.
  2. Андреј Јованчевски, „Предговор“, во: Очудувања 1-2. Скопје: Бегемот, 2018, стр. 9-11.
  3. Очудувања 1-2. Скопје: Бегемот, 2018, стр. 73.
  4. Очудувања 1-2. Скопје: Бегемот, 2018, стр. 2.