Отоманска Украина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Состојбата во Источна Европа 1686 година

Отоманска Украина или Канска Украина (украински: Ханська Україна) — поим којшто се користи за дел од Украина источно од реката Днепар, познато и под турскиот термин „Једисан“. Првпат во изворите се спомнува во 1737 година кога руски таен агент Лупул ја повикал руската царица да ја нападне и заземе Отоманска Украина.

Историја[уреди | уреди извор]

Територијата на Отоманска Украина официјално припаднала на Кримското ханство од 1520 година. Територијата се појавува како последица на Мирот во Андрусову потпишан 1667 години по завршувањето на полско-руската војна. Отоманската власт ја доделила таа автономска територија во 1669 година за да се формира посебен санџак на чело со херман Петар Дорошенко. Ова било потврдено од страна на договорот во Бучач во 1672. година. Teриторијата на Отоманска Украина се граничела со Подолијски ејлает на Запад и на Југ со Силијстријски ејлает. Со помош на Дорошенко, Османлиите успеале да ја преземат подолија и да се создаде нова провинција во 1672 година. Четири години подоцна кралот на Полска, Јан Собјески, успеал да освои некои изгубени територии на Украина, што било потврдено со Мир во Журавни (1676). Истата година Иван Самојлович заедно со еден московски историчар  Григор Ромодановски, предводел успешна кампања против Дорошенко, принудувајќи го да се предаде. Окупирана била козачката престолнина Чигирин. Помеѓу 1677 и 1678 година армијата на Ибрахим Паша се обидувала да ја освои козачката претолнина (Руско-турската војна ( 1676-1681)). На крајот, војската предводена од страна на големиот везир Кара Мустафа Паша успеала да го освои градот (1678). Градот Немиров бил хетманова престолнина од 1670 до 1699 година. По примирјето во Бихчисарај од 1681 година, Отоманска Украина е дел од Молдавија, подгосподарот Џорџе Дука.

Литература[уреди | уреди извор]