Островот на Ним
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| „Островот на Ним (Nim’s Island)“ |
|
| Режирано од | Џенифер Флекет Марк Левин |
|---|---|
| Продуцент | Кери Гранат |
| Сценарист | Венди Ор (книга) |
| Настапуваат | Абигаил Бреслин Џоди Фостер Жерард Бутлер Алфонсо МекАули Морган Грифин |
| Дистрибутер | 20th Century Fox |
| Премиера | 4 април 2008 |
| Држава | |
| Јазик | англиски |
Островот на Ним (англиски: Nim’s Island) е авантура, комедија – филм од 2008 год. Филмот е базиран според истоимената книга од Венди Ор. Светската премиера на филмот се одржа на 4 април 2008. Филмот доби различни прифаќања од публиката. На 10 април веб порталот Ротен Томатос го оцени филмот 49% позитивни критики од 80 вкупно.
Синопсис [уреди]
Ним (Абигаил Бреслин) е осамено девојче кое живее на напуштен остров со својот татко научник. Таа ги поминува деновите во луди авантури во шумите со своите пријатели животните и својата откачена фантазија. Ним е пасионирана читателка на книги, особено возбудливите авантури на авторот Алекс Ровер. Една вечер кога татко и ќе се загуби при пловидба, Ним му праќа писмо на својот омилен автор со молба да и помогне. Но, Ним не знае дека Алекс Ровер е всушност жена. Александра (Џоди Фостер) е агорафобична (фобија од отворен простор) и никогаш не ја напуштила својата куќа. Но, и таа има луда фантазија - за неа Алекс Ровер е измислен лик со кој постојано се дружи. Меѓутоа, кога ќе го добие писмото од Ним, ќе собере храброст да излезе од дома и да и помогне. Во авантурата придружува ја измислениот пријател
| Глумци | Ликови |
|---|---|
| Абигаил Бреслин | Ним Русо |
| Џоди Фостер | Александра |
| Жерард Бутлер | Џек Русо / Алекс Ровер |
| Алфонско МекАули | Расел |
| Морган Грифин | Алиса |
| Мајкл Карман | Капетан |
| Кристофер Бакер | Ензин |