Оркански височини

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Оркански височини“  
Wuthering.jpg
Насловна страна на првото издание
Автор Емили Бронте
Наслов на
оригиналот
Wuthering Heights
Земја Обединето кралство
Јазик Англиски
Жанр(ови) Готски роман
Издавач Томас Котли Њуби
Издадена 1847
Страници 260 (1994: Penguin Classics)

Оркански височини (анг. Wuthering Heights) е готски роман, единствен на англиската писателка Емили Бронте. Првпат би издаден во 1847 година под псевдонимот Елис Бел, а било издадено и второ, постхумно издание на книгата, под уредништво на нејзината сестра Шарлота Бронте.

Името на романот произлегува од карпестиот реон Јоркшир, каде што и се одвива дејството. Самата придавка „орканско“ (анг. wuthering) се однесува на бурно време. Во романот се раскажува страсната, но попречена љубовна приказна помеѓу Хитлиф и Кетрин Ерншо, којашто евентуално ќе ги уништи и нив и нивните блиски.

Иако „Оркански височини“ денес се смета за еден од највеличествените романи во англиската литература, во тоа време бил мета на доста критики поради суровите описи на психичко и физичко измачување.[1][2] Иако на почетокот „Џејн Ер“ од Шарлота Бронте се сметал за најдобриот роман од сестрите Бронте, повеќето подоцнежни критичари коментираат дека оригиналноста на „Оркански височини“ го прави романот супериорен.[3] Овој роман е многупати адаптиран на филмското платно, како и телевизиски и радио продукции, балет, опера итн.

Белешки[уреди]

Надворешни врски[уреди]