Оригамска архитектура

Од Википедија — слободната енциклопедија
nl [Louis Hartlooper Complex] in Utrecht (The Netherlands)

Оригамска архитектура вклучува три-димензионално копирање на архитектура, геометриски модели, секојдневни предмети со различен обем или други слики, со користење склопка или харија што се дипли, најчесто тенок картон. Визуелно, овие творби се споредливи на сложените 'поп-ап појави', секако, некои дела се намерно смислени да ја поседуваат 'поп-ап појавата'-како сопственост. Сепак, оригамската архитектура цели да биде пресечена од еден лист хартија, додека повеќето појави вклучуваат два или повеќе. За да се создаде три-димензионална слика од две-диманзионална површина потребна е вештина сродна на онаа од архитект.[1]

Потекло[уреди | уреди извор]

Развојот на оригамската архитектура започнала со експериментите со создавање оригинални и уникатни честитки на професорот Масахиро Чатани (тогаш новоименуван професор на Институтот за технологија во Токио). Јапонската култура го поддржува давањето и примањето картички за различни посебни прилики и празници, особено за Јапонската Нова година и според своето мислење, професорот Чатани лично смета дека примањето картички е значајна форма на поврзување и комуницирање меѓу луѓето. Тој е загрижен дека емоционалните поврзувања кои будат сеќавања и кои се создадени со размена на честитки во денешниот брз и модерен свет, би станале ретки.[2]

Во раните осумдесетти, професорот Чатани започна да експериментира со сечење и виткање хартија за да направаи уникатни и интересни честитки со поп-ап појава. Тој користи техники од оригами (Јапонски начин на виткање хартија) и киригами (Јапонски начин на сечење хартија), како и неговото искуство во архитектонското моделирање, за да се создадат сложени модели кои играат со светло и сенка.[3] Многу од неговите творби се направени од груба бела хартија која ги истакнува ефектите со сенки од пресечените и свитканите делови. Во предговорот на една од неговите книги, тој ги нарече сенките од три-димензионалните склопки создаден “сонлив амбиент” што го повикува гледачот во “фантастичен свет."[3]

На почетокот, професорот Чатани картичките им ги давал на неговите пријатели и семејство. Во текот на следните триесет години, објавил над педесет книги за оригамска архитектура, сепак повеќето наменети за деца. Тој верува дека оригамската архитектура би можела да биде добар начин да учат архитектонско цртање и ценење на архитектура, како и да инспирираат интерес за математика, уметност и цртање кај деца.[3]

Исто така професорот Чатани поминува добар дел од времето, дури и после неговото пензионирање, во патување за да го претстави своето дело. Често соработува на книги и изложби со Кеико Наказава и Такааки Кихара.[4]

Масахиро Чатани[уреди | уреди извор]

Масахиро Чатани бил јапонски архитект (потврден, прва класа) и професор за кој се смета дека е творецот на оригамската архитектура.[5] Од неговиот развој па сè до неговата смрт во 2008г., за него на широко се смета дека е првиот светски оригамски архитект.

Масахиро Чатани е роден во Хирошима, Јапонија во 1934г. Порастил во Токио, а дипломирал на Институтот за технологија во Токио во 1956г. Станал доцент на Институтот во 1969г., вонреден професор на универзитетот Вашингтон во 1977г., и бил унапреден со целосно професорско место на Институтот во Токио во 1980г. Околу овој период тој го создаде она што сега е познато како “оригамска архитектура.” Тој се пензионира петнаесет години подоцна и продолжи да предава на бројни институти, вклучувајќи го Архитектонскиот колеџ во Јапонија,Универзитетот Хосеи и Универзитетот за уметност и архитектура Шизуока.[5] По неговото повлекување од активното професорско место, продолжи да патува по светот, приредувајќи изложби, демонстрирања и семинари за архитектонско проектирање и оригамска архитектура.[6]

Професор Чатани умре на 19 ноември 2008г.,на 74 години од компликации од рак на грклан.[7]

Видови оригамска архитектура[уреди | уреди извор]

Има неколку различни стилови на оригамска архитектура. Во еден од стиловите, свитканата хартија се сече на таков начин што кога се отвора под агол од деведесет степени излегува три-димензионална слика, слична на повеќето поп-ап книги.[8] Вториот стил бара приложување на склопката на основата на лист хартија со навој.[3]

Tакааки Кихара често користи друга техника во која три-диманзионална градба се “отчукува” во рамната картичка.[8] Макетите создадени со оваа техника му дозволуваат на гледачот да ги види празните склопки, што можат да создадат интересни ефекти со сенки. Исто така Кихара потенцира дека овој стил на оригамска архитектура е полесен да се спакува отколку другиот со форма од 180 степени, бидејќи формите од три-димензионална склопка можат да се израмнат повторно со леснотија.[8]

Поретко, некои модели бараат да се отвори хатијата и да се свитка целосно во спротивна насока, правејќи агол од 360 степени.[4]

Водечки практиканти[уреди | уреди извор]

Иако оригамската архитектура се разви и прво доби популарност во Јапонија, денес се практикува во сите земји ширум светот.[9]

  • Кеико Наказава (Јапонија)[10]
  • Такааки Кихара
  • Ингрид Силиакус (Холандија)[9]
  • Марија Гаридо (Шпанија)[9]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Paperarchitecture by Ingrid Siliakus“. Papierarchitectuur.com. Посетено на 2012-08-15.
  2. http://www.japandesign.ne.jp/IAA/chatani/about.html Архивирано на 23 април 2009 г. (Japanese only)
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Chatani, Masahiro. Pop-Up Origamic Architecture. Tokyo: Ondorisha Publishers, 1985.
  4. 4,0 4,1 „Origamic Architecture, pop-up cards and other kirigami“. Origami-resource-center.com. 2007-06-03. Архивирано од изворникот на 2012-08-08. Посетено на 2012-08-15.
  5. 5,0 5,1 http://baudandbui.free.fr/plier/chatani/chatani.html
  6. http://www.japandesign.ne.jp/IAA/chatani/about.html Архивирано на 23 април 2009 г.; http://www.neo-di.com/KAI/NY/NLE.html Архивирано на 16 јули 2011 г.
  7. „[Oa] Masahiro Chatani“. Origamicarchitecture.com. Архивирано од изворникот на 2012-02-22. Посетено на 2012-08-15.
  8. 8,0 8,1 8,2 „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2013-12-14. Посетено на 2013-12-31.
  9. 9,0 9,1 9,2 „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-07-16. Посетено на 2013-12-31.
  10. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-07-16. Посетено на 2013-12-31.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]