Ордан Ковилоски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ордан Ковилоски (втора половина на XIX век, Прилепско — 6 јануари 1916, Порече) — жртва на Масакрот кај Дервишка Нива.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Ордан Ковилоски потекнувал од прилепските рамничарски села. Поради блиските трговско-занаетчиски релации, но и семејни врски со Поречието, живеел во поречкото село Здуње. Како жител на селото е заробен од казнената експедиција на бугарската војска на чело со капетан Константин Панов, заедно со уште 205 лица кои што се нашле на т.н. „црн список“. Едни биле однесени во Околиското началство, други во Прилеп, а 103 од нив, меѓу кои и Ордан биле убиени на Бадник. Нивните тела биле фрлени во ископ кај месноста Дервишка Нива. Во списите на манастирот „Света Богородица“ крај Манастирец се чува списокот на убиените.[2][3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Порече низ историјата, Милан Ристески. Скопје: НИО „Студентски збор“. 1982.
  2. „Бугарски колежи на Македонци од Поречието 1915-16“. Macedonium.
  3. „Масовна гробница на 103 лица во Mакедонски брод од 1916- убиени од бугарската војска“. Youtube - MRT1.

Поврзано[уреди | уреди извор]