Општествена антропологија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Општествената антропологија — една од четирите или пет гранки на антропологијата, која проучува како современиот човек се однесува во општествени групи. Практикантите на општествената антропологија ги проучуваат, честопати преку долготрајни и интензивни теренски испитувања (вклучувајќи ги и методите на набљудување на учесниците), општествената организација на една одредена личност: обичаите, економската и политичката организираност, правото и разрешување на конфликти, модели на потрошувачка и размена, роднински врски и семејна структура, односите помеѓу половите, подигање на деца и нивна социјализација, религија итн.

Општествената антропологија исто така ја изучува улогата на значењата, двосмисленостите и контрадикциите во општествениот живот, моделите на социјализирање, насилството и конфликтот, како и логиката која лежи во основата на општественото однесување. Општествените антрополози се обучени во сферата на толкување на наративното, ритуалното и симболичното однесување не само како текст, туку и со комуникација следена во однос на постапките, практиките и историскиот контекст во кој таа е вградена. Општествените антрополози ја посочуваат разнообразноста на позициите и перспективите кои можат да се најдат во која било општествена група.

Името општествена антропологија се користи во Обединетото Кралство[1], но тоа е тема тесно поврзана со, или дури и еднаква на културната антропологија[2], при што вториов термин почесто се употребува во други земји од англиското говорно подрачје.

Значајни теми и практика[уреди | уреди извор]

Социјалната антропологија се разликува од други науки, како на пример, економијата или политичката наука, по нејзиниот холистички опсег и по вниманието што таа му го придава на разновидноста на културата и општеството низ целиот свет, како и по капацитетот што го носи оваа дисциплина за преиспитување на ервопско-американските постулати. Таа се разликува од социологијата, како по своите основни методи (засновани врз долгорочно набљудување на учесниците и лингвистичка компетентност), така и по нејзината заложба за промовирање на важноста и просветлувањето што го обезбедуваат микро студиите. Таа излегува надвор од строго општествените појави кон културата, уметноста, индивидуалноста и сознавањето. Додека некои општествени антрополози користат квантитативни методи (особено оние чие истражување допира теми како што се локални економии, демографија или здравство и заболувања), општествените антрополози општо ја нагласуваат квалитативната анализа на долгорочните теренски работи, наместо квантитативните методи кои ги користат повеќето економисти и социолози.

Специјализации[уреди | уреди извор]

Специјализациите во рамките на општествената антропологија се менуваат како што нивните теми на проучување се трансформираат и се јавуваат како нови интелектуални парадигми; музикологијата и медицинската антропологија нудат примери за тековни, добро дефинирани специјалности. Понови и релативно од скоро појавени полиња во рамките на општествената антропологија го вклучуваат односот помеѓу културната разнообразност и новите наоди во развојот на сознајувањето; општествени и етички сфаќања на новите технологии; новопојавени форми на „семејство“ и други нови социјалитети засновани врз сродство; тековното општествено пропаѓање на државниот социјализам; политиките на растечка религиозност; анализа на ревидирани култури и на одговорноста. Темата беше оживеана од, а и самата даде свој придонес кон пристапите од другите дисциплини, како што се филозофијата, (етиката, феноменологијата, логиката), историјата на науката, психоанализата и лингвистиката.

Етички размислувања[уреди | уреди извор]

Темата има и етички и рефлексивни димензии. Нејзините практикувачи развија свесност за духот и атмосферата во која научниците ги создаваат нивните предмети на проучување, како и начинот на кој самите антрополози можат да придонесат кон процесите на промена во општествата кои се предмет на нивното проучување.

Историја[уреди | уреди извор]

Општествената антропологија има историски корени во неколку дисциплини од 19-иот век, вклучувајќи ја етнологијата, проучувањето на фолклорот, а меѓу другото, и на класиците. (Види Историја на антропологијата. Нејзиниот непосреден претходник се наоѓаше во делата на Едвард Барнет Тејлор и Џејмз Џорџ Фрејзер, во доцниот 19 век, но помина низ значителни промени како во методологијата така и во теоријата во текот на 1890-1920, со нов акцент врз оригиналната теренска работа, долгорочно холистичко проучување на општественото однесување во природни услови, како и воведувањето на француската и германската теорија за општеството.

Катедри за општествена антропологија постојат на универзитети низ целиот свет. Полето на општествената антропологија се има проширено на начини кои не биле предвидени од страна на нејзините основачи, како на пример, во подполињата структура и динамика.

1920-1940[уреди | уреди извор]

Модерната општествена антропологија беше основана во Британија на лондонската економска школа и политичките науки, по првата светска војна. Влијанијата ја вклучуваат и револуцијата во методологијата, предводени од теренската работа ориентирана кон процесот во Тробриандските острови во Малезија на Бронислав Малиновски помеѓу 1915 и 1918 година, и теориската програма за систематска споредба на Алфред Редклиф-Брану, која се засноваше врз концептот на ригорозна работа на терен и структурно-функционалистичкиот концепт на Дуркеимовата социологија[3]. Други интелектуални основачи ги вклчуваат В. Х. Р. Риверс и А. Ц. Хадон, чија ориентираност претставуваше одраз на современото дело Парапсихологии на Вилхелм Вундт и Адолф Бастијан, и Сер Е. Б. Тајлер, кои ја дефинираа антропологијата како позитивистичка наука, според Огуст Комт. Едмунд Лиич (1962) ја дефинира општествената антропологија како еден вид на компаративна микросоциологија заснована врз интензивно проучување на терен. Научниците немаат утврдено некоја теориска ортодоксност (општо прифатен став) во однос на природата на науката и општеството, и нивните тензии ги одразвуаат ставовите кои се сериозно спротивставени.

1940-1980[уреди | уреди извор]

По Втората светска војна, општестевно-културната антропологија, која што беше вклучена (се содржеше во) етнографијата и етнологијата, се оддели како американско училиште за културна антропологија, додека општествената антропологија се префрли во Европа, предизвикувајќи ги принципите на структурниот функционализам, прифаќајќи идеи од структурализмот на Клод Леви-Штрос и од Манчестерската школа на Макс Глукмен, прифаќајќи го истовремено проучувањето на конфликтот, промената, урбаната антропологија и односните мрежи. Здружението на општествените антрополози на ОК и на Комонвелтот беше основано во 1946 година.

1980 до денес[уреди | уреди извор]

Европското здружение на општествени антрополози беше основано во 1989 година како друштво на стипендисти, на средба на членовите основачи од четиринаесет европски земји, поддржано од фондацијата Венер-Грен за антрополошки истражувања. Здружението се стреми кон унапредување на антропологијата во Европа преку организирање на биенални конференции и со издавање на нејзиниот академски журнал, Општествена ангропологија. Катедрите за општествена антропологија на различните универзитети тежнеат кон сосредоточување врз различните аспекти на ова поле. Харвардската програма за општествена антропологија, на пример, сега особено е заинтересирана со темата на глобализмот, етничкото насилство, проучувањето на половите, транснационализмот и локалните искуства, како и културите на киберпросторот кои се во моментов во зародиш.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Dianteill, Erwan, "Cultural Anthropology or Social Anthropology? A Transatlantic Argument", L’Année sociologique 1/2012 (Vol. 62), p. 93-122 Архивирано на 4 март 2016 г..
  2. „Benchmark Statement Anthropology (UK)“ (PDF). QAA (UK). Архивирано (PDF) од изворникот 2013-09-21. Посетено на 2012-01-09.
  3. Kuper, Adam (1973). Anthropology and Anthropologists: The Modern British School. London: Routledge and Kegan Paul. стр. 14–16. ISBN 0-7100-9409-4. Архивирано од изворникот 2018-04-29.