ОУ „Дане Крапчев“ - Ченто

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дане Крапчев

Место
Општина: Гази Баба
Нас. место: Ченто
Местоположба
Основни информации
Контактни информации

„Дане Крапчев“основно училиште во населбата Ченто, општина Гази Баба. Го носи името на првоборецот од НОВ, Дане Крапчев.

Реонот на Општинското основно училиште “Дане Крапчев”, Скопје ја опфаќа територијата на урбаната заедница Маџари 2, односно десната страна на улицата “Антон Попов” од влезот на населбата и улицата “Финска” како и населеното место Инџиково.

Училиштето е изградено во 1978 година. Училишната зграда е сместена на ул “Маџари” бб и претставува современ градежен објект од цврста градба која наполно одговара за својата намена. Функцијата како современ објект ја надополнуваат спортските терени и пошироките зелени површини.

Училиштето располага со 4.200 м2 училиштен простор и 7.150 м2 училиштен двор. Наставата во училиштето се изведува на македонски јазик со вкупно 1.033 ученика распоредени во 37 паралелки за која се ангажирани 51 вработен. Наставата се изведува во две смени. Училиштето организира и продолжен престој за своите ученици.

ОУ „Дане Крапчев” е збратимено со словенечкото ОУ “Јанка Падежника” од Марибор. Во ОУ „Дане Крапчев“, редовно секоја година се одржува Франкофонска Вечер.

Освоени награди[уреди | уреди извор]

Познати личности кои учеле во ова училиште[уреди | уреди извор]

Познати личности кои предавале во ова училиште[уреди | уреди извор]

Ванчо Јовчев - член на музичката група Синтезис наставник по Музичко Образование