Ноќта и градот

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Ноќта и градот“ (англиски: Night and the city) – филм на режисерот Жил Дасен (Jules Dassin) од 1950 година. Главните улоги ги играат: Ричард Видмарк (Richard Widmark), Џин Тирни (Gene Tierney), Херберт Лом (Herbert Lom), Френсис Л. Саливен (Francis L. Sullivan), Хју Марлоу (Hugh Marlowe) и Гуги Витерс (Googie Withers). Ова е првиот филм на Дасен по неговото емигрирање во Европа, а многумина сметаат дека е неговото најдобро остварување. Во него, тој го прикажува ноќниот живот на лондонското подземје при што брилијантно ги употребува експресионистичкото светло, острите и необични агли на снимање и речиси документаристичките локации, успевајќи вообичаениот простор да го трансформира во егзотично и необично место.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Ситниот измамник Хари Фабиен (го игра Видмарк) работи во ноќниот клуб „Сребрена лисица“ чиј сопственик е Фил Носерос (го игра Саливен). Фил ја обожава својата жена Хелен (ја игра Витерс) која го презира, но живее со него заради парите. Хари, кој исто така сака да се збогати набрзина, ветува дека на Филовата жена ќе ѝ обезбеди дозвола за точење алкохолни пијалаци која ќе ѝ овозможи да отвори ноќен клуб. Иако претходно измамил многумина и постојнао бега од прогонителите на кои им должи пари, Хари успева да започне нова работа – станува промотер на борење. Затоа, од Фил бара пари на заем, кој се согласува да му биде ортак во работата, но потоа дознава дека Хари ги измамил и него и сопругата, давајќи ѝ лажна дозвола...

Наводи[уреди | уреди извор]