Номојски Острови

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Сателитска снимка на Номојските Острови.
Карта на островите Чук.

Номојските Острови или познати како Мортлокови Острови се група од три атоли во сојузната држава Чук во Микронезија. Атолите се наоѓаат на околу 250 км југоисточно од Чук.[1]

Најголем атол е Сатаван кој се наоѓа во јужниот дел. Етал[2] и Лукунор[3] се помали. Островите се оддалечени меѓу себе 9 до 6 км.

Капетан Џејмс Мортлок ги открил островите на 19 и 27 ноември 1795 година. Поради тоа островите биле именувани како Мортлокови Острови.[4] Ова име било погрешно употребувани за именување не само за Номојските Острови, туку и за Горните Мортлокови Острови и Источните Острови, кои ги опфаќаат островите Лосап, Нама и Намолук.

Наводи[уреди]

  1. Oceandots - Satawan
  2. Oceandots - Etal
  3. Oceandots - Lukunor
  4. The tale of the discovery of the two sets of “Mortlock Islands” Mariner’s Mirror, Journal of the Society for Nautical Research, May 2002

Поврзано[уреди]