Нико Доага
Нико Доага | |
---|---|
Роден(а) | 1922 Крушево, Кралство СХС |
Починал(а) | 25 април 1945 Сремски фронт |
Нико Доага е роден во 1922 година во Крушево. Бил угостителски работни. Бил член на СКОЈ од 1941 година, а на КПЈ од 1942 година. Во април 1942 станал борец на партизанскиот одред „Питу Гули“. Во зимата 1942-43 прешол во Кичево и Дебарца, каде што бил заднински работник заедно со крушевчанецот Кочо Миленку. Италијанските окупатори го откриле и притоа Миленку загинал, а Доага бил тешко ранет и уапсен. Бил затворен во Тиранскиот политички затвор. По капитулацијата на Италија стапил во Првата македонска бригада, а во 1944 година во Крушево формирал нови партизански единици. Загинал на Сремски фронт, на 25 април 1945.