Недискретно (филм од 1958)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Недискретно (англиски: Indiscreet) – американско-британски филм од 1958 година, во режија на Стенли Донен, а според сценариото на Норман Красна. Во главните улоги настапуваат: Кери Грант, Ингрид Бергман, Сесил Паркер и Филис Калверт. Филмот бил кандидиран за наградата „Златен глобус“ во три категории (најдобра комедија, најдобар глумец и најдобра глумица), како и за наградата БАФТА, во две категории. Првобитно, било објавено дека главната женска улога ќе ја толкува Мерлин Монро или Џејн Менсфилд, додека главната машка улога била наменета за Кларк Гејбл.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Глумицата Ана Калман (ја игра Бергман) никако не може да ја пронајде својата вистинска љубов. Но, еднаш, таа го запознава љубезниот господин Филип Адамс (го игра Грант), пријател на нејзиниот роднина, дипломатот Алфред Мансон (го игра Паркер). Во разговорот, Адамс споменува дека нема жена, но кога Ана го поканува да излезат, тој ѝ објаснува дека мислел да каже дека нема жена во Лондон, зашто неговата жена живее во Сан Франциско. Сепак, Ана не се откажува и го кани господинот Адамс на балетска претстава, а тој ја прифаќа поканата...[2]

Наводи[уреди | уреди извор]