Негидалци

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Негидалци (руски: негидальцы, негидалски: элькан бэйэнин) се тунгуски народ кој живее во Хабаровски крај во Русија. Народот живее покрај реките Амгун и Амур. Негидалците зборуваат на негидалски јазик, кој е дел од групата тунгуски јазици и е сличен со евенки. Негидалците се по потекло Евенки, кои се населиле покрај напонематите реки, а подоцна се измешале со Нивхите, Нанајците и Улчите. Официјално се сметаат за православни, но во голем дел го зачувале шаманизмот. Според пописот од 2002 година во Русија имало 567 Негидалци, од кои 147 зборуваат на негидалски јазик. Името со кое сами се означуваат значи „локален народ“.

Поврзано[уреди]