Надир

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Односот помеѓу зенитот, надирот и двата хоризонта.

Надир (од арап. نظير = „спротивен“) — место што се наоѓа веднаш под некое место, т.е. под прав агол на рамнината. Бидејќи самата заимсла за нешто „под“ нешто друго не е дорбро одредена за научни цели, стручњаците користат построга дефиниција за надирот. Во астрономијата, геофизиката и сродните науки (на пр. метеорологијата), надирот на едно место е дадена точка на месната вертикала што оди во насока на земјината тежа на тоа место. Спротивен на надирот е зенитот. Надирот, исто така може да се дефинира како замислена точка на небесната сфера спротивно од зенитот; се наоѓа на долната, невидливата половина од небесниот свод[1].

Надирот се однесува и на надолната геометрија при набљудувањето на еден сателит во орбита,[2] каков што се користи при далечинско испитување на атмосферата и кога космонаутот е свртен кон Земјата кога врши некоја работа во отворена вселена.

Поимот надир ја означува и најниската точка што ја достигнува едно небесно тело додека привидно орбитира околу дадена точка на набљудување. Вака може да се опише местоположбата на Сонцето, но ова е технички исправно само за една ширина во даден момент и е применливо само за мали геог. ширини. Велиме дека Сонцето е во надирот на едно место кога е во зенитот на антиподот на тоа место.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. „„надир““. „Лексикон“. Он.нет. 2010. http://rechnik.on.net.mk/translate/mk-leksikon/%D0%BD%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D1%80*. конс. 11 март 2011.  (македонски)
  2. „Вообичаениот кабински механизам (CBM) за Меѓународната вселенска станица“. Друштво на автомобилски инженери. 2001. http://spacecraft.ssl.umd.edu/design_lib/ICES01-2435.ISS_CBM.pdf. конс. 23 април 2008.  (англиски)