Надав

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Крал на Стар Израел


Надав бил син и наследник на Јеровоам, цар (крал) на Израел (1 Цареви 14:20). Вилијам Олбрајт вели дека тој владеел 901 п.н.е.-900 п.н.е., додека Едвин Тиел ни дава 910 п.н.е.-909 п.н.е..По две години од неговото владеење, додека со својата војска го опсадувал Гиветон, гратче во јужен Дан (Исус Навин 19:44), во неговата војска избил заговор, и тој бил убиен од Васа (1 Цареви 15:25-28). По него биле убиени и сите негови родственици, па така ова големо Ефремовско семејство било истребено (1 Цареви 15:29).

Надав
Претходник
Јеровоам I
Цар на Израел
Олбрајт: 901 п.н.е. – 900 п.н.е.
Тиел: 910 п.н.е. – 909 п.н.е.
Галил: 909 п.н.е. – 908 п.н.е.
Наследник
Васа


Оваа статија содржи текст јавнодоменскиот Истонов библиски речник, издаден во 1897 год.