Мулуту Сурлахт

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мулуту Сурлахт
ПодрачјеОкруг Саре
Главни приливиКармисе, Керла, Унимае
Главни истециНасва
Сливни земји Естонија
Површина&1000000000000014400000014,4 км2
Прос. длабочина1 м
Најг. длабочина2.1 м
Населени местаКуресаре
Наводи[1]

Мулуту-Сурлахт (исто и Мулуту Сурлахт) — четврто најголемо езеро во Естонија. Тоа се наоѓа на најголемиот естонски остров Сарема, околу два километри западно од градот Куресаре. Езерото зафаќа вкупна површина од 14.4 км2 и неговата максимална длабочина изнесува 2.1 метри.[1] Преку единствениот истек, реката Насва (долга 3 километри), Мулуту-Сурлахт се поврзува со Ришкиот Залив во Балтичкото Море. Мулуту-Сурлахт е солена водена површина која се состои од два дела:

  • Сурлахт (531 хектар, источен дел)[2]
  • Мулутски Залив (412,4 хектари, западен дел)[3]

Во текот на вообичаените пролетни поплави (вообичаен пораст 0.75 метри, максимален 1.16 метри), езерото се спојува привремено со околните заливи Падла, Вегара и Калупеа и достигнува површина од 3600 хектари. На североисточниот дел на Сурлахт се наоѓа малиот остров Рахину кој зафаќа површина од околу 3 хектари. Поради поврзаноста со морските води, езерото е богато со многу видови на риби.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Mullutu Suurlaht“ (естонски). eestigiid.ee. Посетено на 1 June 2012.
  2. „Suurlaht / Kellamäe laht“ (естонски). EELIS – Estonian Nature Infosystem. Архивирано од изворникот на 2013-02-13. Посетено на 1 June 2012.
  3. „Mullutu laht“ (естонски). EELIS – Estonian Nature Infosystem. Архивирано од изворникот на 2013-02-13. Посетено на 1 June 2012.