Музеј на Министерството за финансии и јавниот долг (шпански: Museo de la Secretaría de Hacienda y Crédito Público) — ликовен музеј во градот Мексико, Мексико. Сместен е во Архиепископскиот дворец, изграден во 1530 г. од калуѓерот Хуан де Сумарага врз темелите на разурната пирамида посветена на ацтечкиот бог Тескатлипока. Во 1867 г. во зградата се вселило Сметководственото одделение на Министерството за финансии на Мексико.[1] Подоцна објектот е отстапен на музејот кој има голема уметничка збирка и артефакти посветени на богот.[2]