Мост „Обединети нации“ (Скопје)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Обединети нации
Поглед на мостот „Обединети нации“
Носиавтомобили и пешаци
ПреминуваВардар
МестоСкопје, Македонија Македонија
Местоположба

Обединети нации претставува мост кој ја премостува реката Вардар и ги поврзува населбите Влае и Карпош 4 во гравниот град на Македонија, Скопје. Преку него поминува најфреквентната сообраќајница во градот - Булеварот Партизански одреди, по која секојдневно поминуваат илјадници автомобили и тешки товарни возила.

Две ленти од Мостот Обединети нации биле изградени уште пред катастрофалниот земјотрес во 1963 година. Сегашната форма ја добил во средината на шеесеттите години од минатиот век, кога се градел булеварот Партизански одреди. Официјално мостот е пуштен во употреба во 1967 година, а истиот официјално го посетил и У Тант на 30 август 1970 година. Во 2009 година мостот бил саниран и реконстриуран.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „АСФАЛТИРАНА ПЕШАЧКАТА ПАТЕКА НА МОСТОТ „ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ"“. Град Скопје. 25 септември 2009. Отсутно или празно |url= (help); |access-date= бара |url= (help)

Поврзано[уреди | уреди извор]