Моноплакофори

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Моноплакофори
Податотека:Neopilina001.jpg
Neopilina
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Мекотели
Класа: Monoplacophora
Однер, 1940
Редови

Моноплакофорите (класа Monoplacophora) се мекотели со единечна симетрична черупка. Тие се мала група на камбро-силуриски фосили кои припаѓаат на фамилијата Tryblidiidae. Единствен денешен жив род е неопилината (Neopilina).

Физички карактеристики[уреди]

Моноплакофорите имаат черупка која варира во формата од зарамнета штитовидна плочка па до краток конус. Черупката е голема и билатерално симетрична и има еден вдлабнат сифон. Врвот на черупката лежи речиси вертикално над предната маргина на средната (медијална) линија. Маргината на черупката е речиси кружна и малку издолжена во сагиталната празнина. Черупката е релативно тенка, има три слоја, и е потенка на маргините отколку во центарот.

Палијалната (мантијна) празнина го дели работ на стапалото од мантијата на секоја страна. Оваа празнина формира плиток олук кој целосно го заобиколува животното. Внатрешно е поделена со ѕидовите на стапалото и странично со палијалниот лист кој лежи под маргината на черупката. Во предниот дел, мантијната празнина ги содржи устата, која е опколена со пар од пипала. Странично, мантијната празнина содржи пет или шест пара на жабри. Стапалото е кратка циркуларна колумна. Рамниот стомачен ѕид на стапалото е тенок и речиси отсуствува неговата мускулна поддршка. Прекриен е со цилијарен епител и формира подножје за ползење. Ползењето е потпомогнато со мукусот кој се лачи од педалната жлезда, која лежи на предниот дел од стапалото. Моноплакофорите се долги од 3 mm до 3 cm и внатрешната организација им е мешавина од онаа на полжав и хитон. Главата е мала. Устата е сместена на предниот дел од стапалото, а анусот се отвора во палијалната празнина на постериорниот крај на телото, зад стапалото. Пред устата се наоѓа предустен превој (или велум). Друг превој лежи зад устата и се проектира на секоја страна како маса на постусни пипала.

Таксономија[уреди]

Ред Tryblidioidea

  • надфамилија Tryblidiacea
    • фамилија Laevipilinidae
    • фамилија Monoplacophoridae
      • род Monoplacophorus L. I. Moskaslev, Y. A. Starobogatov & Z. A. Filatova, 1983
    • фамилија Neopilinidae
      • род Neopilina H. Lemche, 1957
        • подрод Lemchephila L. I. Moskalev, Y. A. Starobogatov & Z. A. Filetove, 1983
        • подрод Lemchephyala (= Lemchephila) L. I. Moskalev, Y. A. Starobogatov & Z. A. Filetove, 1983
      • род Micropilina
      • род Rokopella
      • род Veleropilina
    • фамилијаTryblidiidae
      • потфамилија Neopilininae
        • род Neopilina H. Lemche, 1957
          • подрод Neopilina
            • вид Neopilina galathea H. Lemche, 1957
            • вид Neopilina veleronis R. J. Menzies & W. Layton, 1963
      • потфамилија Tryblidiinae
    • фамилија Vemidae
        • род Vema. H. Clarke & R. J. Menzies, 1959
          • вид Vema ewingi. H. Clarke & R. J. Menzies, 1959